Мермерна скулптура од вториот век со претстава на божицата Изида е пронајдена во храмот на археолошкиот локалитет Стоби, пренесува „Макфакс“.
Скулптурата е висока два метри и е ремек дело на античката уметност. Сакралниот објект во локалитетот е посветен на Изида, божица на природата, на морето и подземјето.
Во Македонија веќе се познати две скулптури на божицата Изида, откриени во Охрид. Оваа во Стоби е трета откриена во единствениот истражуван храм во кој бил негуван култот кон оваа божица.