Срцев удар при спиење е точната причина за смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори која го потресе светскиот фудбал и цела Италија.

Информацијата за италијанските медиуми ја потврди јавниот обвинител Антонио де Николо после извршената аутопсија на телото од 31-годишниот фудбалер.

Давиде Астори не се разбудил од сонот, а во креветот тој бил покриен со кебето преку глава и не давал знаци на живот кога во хотелската соба влегле неговите соиграчи и клупскиот доктор.

Предводникот на „виолетовите“ ќе биде погребан во четврток, а Фиорентина и Каљари во негова чест ги повлекоа дресовите со бројот 13 на грбот.

OhridNews