
– Овие кражби покрај тоа што повлекуваат големи парични казни преку пресметките за неовластено користење на електрична енергија туку против крадците се поднесуваат и кривични пријави со можност, судот да ја изрече и најголемата казна, затвор во траење до три години. Овие корисници може да заработат и дополнителна кривична пријава за предизвикување на општа опасност, бидејќи ваквите кражби најчесто се прават на подпокривната конструкција , а со тоа опасноста од пожари и горење на куќите е многу голема.Тогаш пожарите го голтаат имотот и покуќнината, но се предизвикува и опасност по околината, велат од ЕВН Македонија.
Од таму најавуваат дека во идnина уште повеќе ќе ги засилат контролите на терен, за откривање на кражбите, а ќе ги интензивираат и исклучувањата на корисниците кои нередовно ги плаќаат сметките .
Само за еден месец биле исклучени над 50.000 корисници поради долг или поради неовластено користење на електричната енегија, што значи секое 15 броило во земјава било исклучено.












