Вкупно 7.400 евра, биле откриени во текот на минатата седмица, при личен претрес на македонски државјанин кој управувајќи македонски автомобил, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Ќафасан.

-На прашање на царинските службеници, патникот пријавил дека носи 2.000 евра, но при извршениот личен претрес, во неговиот паричник се пронајдени уште 7.400 евра за кои не поседувал потврда за потекло, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата.

OhridNews