Припадници на ПС за ГН “Стење“ во содејство со припадниците на Езерската полиција деновиве извршија акциска контрола за откривање на рибокрадци во водите на Преспанското Eзеро. Притоа, во водите на езерото наспроти селото Асамати било откриено лицето З.Г. (28) од Ресен при вршење незаконит риболов и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, откриени и запленети се еден метален чамец, седум рибарски мрежи за лов на белвица со должина од по 50 метри како и шест килограми риба белвица. Покрај ова, на различни позиции во езерото пронајдени се уште 92 рибарски мрежи со долѓина од по 50-тина метри, односно севкупно со должина од 4.600 метри а во дел од нив и улов ( десетина килограми крап и четириесетина килограми белвица).

Полициските службеници од ПС “Стење“ на петстотини метри од брегот на Преспанското езеро наспроти месноста Сирхан открија и запленија уште 16 рибарски мрежи со должина од по 50 метри.


Инаку, пред десетина дена припадниците на Полициската станица за граничен надзор на Охридското езеро јавно уништија 1.440 рибарски мрежи со вкупна должина од околу 70 километри. На овој настан, на којшто присуствуваше и министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска, беше соопштено дека во тие активности полициските службеници заплениле околу 350 килограми риба, а биле поднесени пет кривични пријави против осум лица.

OhridNews