54 готови текстилни производи (комплети тренерки и кошули) биле откриени на царинската испостава Табановце автопат, при контрола на автобус со македонски регистарски таблички, што сообраќал на редовна линија Хамбург-Охрид, пријавен за влез во државата.

Како што соопшти Царинската управа, непријавената стока, сопственост на македонска државјанка, патничка во автобусот, била пронајдена во две големи црни торби, сместени во багажниот простор на автобусот.

OhridNews