Британската полиција комплетно го расчисти трагичниот пад на хеликопторет во кој живото го загубија сопственикот на Фудбалскиот клуб Лестер Вишаи Шривадханапрабха, неговата придружничка, спортскиот директор и двајцата пилоти.

На 27 октомври хеликоптерот неколку минути после полетувањето од стадион се сруши на паркингот, кој за среќа во тој момент бил празен и немало автомобили и луѓе. Главна причина за падот е откажувањето на заедниот дел од хеликоптер, познат како „опашка“. Пилотот ја изгубил контролата, откако педалите кои се поврзани со „опашката“ откажале. Леталото без тие контроли почнало само да паѓа, а пилотот успеал само да избегне метеж и леталото го спуштил на празен простор.

Трагичната вест ги потресе сите во Англија, а во градот Лестер прогласен беше и ден на жалост. „Лисиците“ под водство на Шривадханапрабха успеаја да ја освојат титулата во Премиер лигата и да ги освојат срцата на сите љубители на фудбалот. Шривадханапрабха беше голем вљубеник во фудбалот и спортот, а пред стадионот „Кинг Пауер“ ќе се изгради статуа со неговиот лик.

OhridNews