Обожавателите на култната научнофантастична серија „Doctor Who” имаат неочекувана можност за задоволство откако девет од исчезнатите епизоди се откриени во градот Јосу во Нигерија каде што се чести нападите на радикалните исламисти од групата Боко Харам.

Меѓу пронајдените епизоди коишто датираат од 196-те, се наоѓа и важниот дел од сторијата „Мрежа на стравот”, авантура снимена во црно-бела техника во којашто докторот Ху, кого го толкува Патрик Тротон, се бори против јети роботот во лондонската подземна железница.

Меѓу пронајдените се и шест епизоди од сторијата под наслов „Непријател на светот”. Исчезнатите епизоди ги пронашол Филип Морис, директор на „Television International Enterprises Archive”.

„Снимките собирале прашина во магацинот на локалната телевизија во Нигерија”, изјави Морис за BBC.

Многу од оригиналните ленти од серијата се уништени во текот на 1960-те и 1970-те години, меѓутоа некои биле копирани и продадени на странските телевизии.

Меѓутоа, и покрај ова откритие, сé уште недостасуваат 97 епизоди од овој порано многу гледан серијал.

OhridNews
извор:„Макфакс“