Министерството за внатрешни работи, на пред малку оддржаната прес- конференција, соопшти дека се откриени убијците на петте граѓани кај Смиљковско Езеро.

Како што информира министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, станува, збор за група од Скопје – следбеници на радикалниот ислам. Приведените војувале во Авганистан и Пакистан против НАТО војници.

Приведени се 20 лица по различни основи. МВР против нив ќе поднесе кривични пријави за тероризам.

Утринава МВР ја спровела една од досега најсложените операции поврзана со Велигденскиот масакр кај Смиљковското Езеро.

На 13 април Велики четврток на брегот на езерото кај Смиљковци свирепо беа убиени Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски и Цветанчо Ацевски на возраст од 18 до 20 години, како и Борче Стефановски (45) од скоспкото село Црешево. Петмината, според досегашните информации на полицијата, убиени се од автоматско оружје од непосредба близина.

Ден подоцна полицијата на 10 километри од местото на масакрот пронајде автомобил “опел омега“ за кој подоцна се потврди дека бил на местото на убиството и бил користен од убијците. 

OhridNews
извор: МИА