– Во интерес на одржување на нивото на хигиената во Охрид како што му прилега на еден туристички центар, апелираме до граѓаните отпадот уредно спакуван да го депонираат во точно определените денови за дадениот реон и на определените места за оваа намена, а не истиот да се расфрла насекаде, велат од ЈП Комуналец.
како што потенцираат од ова јавно претпријатие, секое непочитување на комуналниот ред и изнесување на отпадот надвор од пропишаните термини се санкционира според Законот за Јавна чистота.