Нова мини-депонија никнува на само неколку метри од поранешната Детска болница недалеку од плажата „Застава“ кај Св. Стефан.
Иако неодамна екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведоа акција за расчистување на овој потег, очигледно дека овие грди слики говорат доволно за ниската еколошка свест кај поединци, кои отпадот го полагаат во природата.
Се работи за градежен шут, зелен и комунален отпад, кој несовени граѓани и правни субјекти, чистејќи ги своите имоти, ги одложиле на наведената локација.
Доколку не можеме да влијаеме на природните циклуси, може многу да се направи во средување на крајбрежјето после сезоната.
O.T.