Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република Македонија во 2010 година изнесува 545 763 тони. Споредено со 2009 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2010 година бележи намалување од 1,17%.
 
Во Југозападниот резион, во кој спаѓаа општините Охрид и Струга, минатата година создаден бил 106 315 тони комунален отпад.

Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија во 2010 година изнесува 721 507 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2010 година изнесува 351 кг по жител, што е за 0,85% помалку од истото количество во 2009 година.
 
Целокупното количество на собран комунален отпад (100%) се одлага на депонија,  но не се спроведуваат други операции за третман на комуналниот отпад, информираат од Државниот завод за статистика.

OhridNews