Јувентус го освои врвот на табелата во Серија А откако со мининални 1-0 славеше во супер дербито со тимот на Наполи.
„Старата дама“ до победата стигна благодарание на погодокот на Симоне Заза кој среќно со помош од противничките играчи ја погоди мрежата на Пепе Реина.
Херојот на „бјанконерите“ во летниот, а и зимскиот преоден рок беше пред излезни врати од Торино, но со овој погодок ги убеди челниците дека направиле прав избор.
Исто така Јувентус со триумфот над Наполи ја продолжи победничката серија која трае 15-ет натпревари по ред.
OhridNews











