Деновиве започна санацијата на Мостот на желбите, кој пред помалку од две недели беше разнесен од силните бранови и надојденото езеро.
Во невремето кое го зафати Охрид, откорнати беа клупите, оштетена инфраструктурата, а беа поплавени и дворовите на охриѓани кои живеат на самиот брег од езерото.
Инаку, мостот кој пред неколку години беше поставен како донација од фондацијата „Рамковски“, веќе неколку пати беше саниран поради оштетувањата од разорните бранови.
OhridNews
Фото: „Емилио“