Новинарите од „Утрински“ велат дека ова е само прва група отпуштања и дека крајната цел е весникот да згасне. Револтирани се што со месеци биле во неизвеснот од страв да не го изгубат работното место.
– Се планираат откази за десет, а можеби и повеќе колеги, што со оглед на тоа што сме вкупно 47 вработени, сметаме дека е најефикасен начин за брзо згаснување на весникот кој важи за критичен кон власта, изјави за „Телма“ Билјана Јовановска, претставник на новинарите во „Утрински весник“. Таа посочи дека главниот уредник не им дал поддршка и не се согласил со протестот.
Менаџментот на Медиа Принт Македонија (МПМ), сопственик на весникот, со соопштение до јавноста ги демантира наводите на новинарите и наведува дека она што тие го изнесоа на прес-конференција не соодветствува со намерите на компанијата, целите на нејзината деловна политика, како и уредувањето на весникот.