Здруженијата за заштита на животни „Анималиа“ од Охрид и Animal World од Струга на своите Facebook страници објавија дека на езерското крајбрежје во струшкото село Радожда бил пронајден угинат лебед, кој најверојатно бил отруен. Покрај лебедот отруени биле и уште три мачки и едно куче.
-Лебедот денес душа испуштил на приватна плажа, тетеравејќи се доаѓајќи од истото место каде што биле затруени и другите мили души. Дали знаете кои злодела ги правите, нарушувајќи ги тековите на природата? Ние ќе продолжиме да се бориме потполно да се забрани продажбата на отрови. За да ги заштитиме најневините од монструмите кои шетаат околу нас во човечки облик, се вели во реакцијата од двете здруженија.
OhridNews