Поради испад на 30 киловатниот далновод кој се наоѓа покрај патниот правец Струга- Мешеишта, утрово без струја останаа корисниците во општина Дебрца и северниот дел од општина Охрид.

Од ЕВН Македонија информираат дека дефектот е отстранет и воспоставено е нормално снабдување со електрична енергија во Дебрца и делот од општина Охрид.

OhridNews