По реакциите на граѓаните, политичките субјекти и Ohridnews, деновиве отстранета е оградата од крајбрежниот простор пред хотелот Славија Спектар.
Претходно, општински инспекциски екипи извршија увид кај заградениот простор пред хотелот Славија Спектар, при што било утврдено дека е извршена узурпација.
Неоддамна, портпаролот на локалната самоуправа, Томе Џамтоски, изјави дека согласно утврдената состојба на терен, ќе бидат преземени активности за отстранување на оградата и ќе биде поднесена соодветна пријава против оној кој ја извршил узурпацијата.
O.T.
Инспекцијата во проверка на заградениот простор пред хотелот на Субрата Рој во Охрид
Се утврдува кој го узурпирал просторот пред хотелот на Субрата Рој