Совесни граѓани утрово помогнале лебед во Охридското Езеро да биде ослободен од рибарска мрежа која му била завиткана околу ногата и го спречувала во пливањето и движењето.
Наш сограѓани вели лебедот бил заглавен кај каналот „Студеншишта“ под мостот во утринските часови.
Беше заедно со уште еден голем женски лебед и две помали лебедчиња. Забележавме дека нешто не е во ред бидејќи другите лебеди излегуваа на копно, тој неможеше со едната нога. Тогаш ни стана сомнително дека нешто не е во ред. Успеавме со помош на лепче да го извадиме до брегот. Го фативме и му ја извадиме мрежата, по што го вративме назад во водата.
Бидејќи станува збор за рибарска мрежа упатуваат апел да се внимава каде рибарите ги фрлаат мрежите, а со оглед дека е забранет риболовот велат сигурно станува збор и за некоја мрежа од незаконит риболов.
Станува збор за рибрска мрежа. Сигурно мрежата му била заплеткана подолго време, неколку денови, бидејќи одвај ја исправи ногата. Апелираме рибарите да внимаваат каде ги фрлаат мрежите бидејќи еве на овој начин се повредуваат лебедите, додава нашиот сограѓанин.
Н.С.Ј.