Во текот на вчерашниот ден, екипи ангажирани од локалната самоуправа ги отстранија бетонираните пречки на кои беа поставени паркинг апаратите во централното градско подрачје.
Со специјална механизација, претходно беа остранети и бетонските топки на кејот „Маршал Тито“, односно наплатните рампи во строгиот охридски центар.
Како што претходно најави градоначалникот Бакрачески, просторот за паркирање во центарот на градот и околните улици ќе биде слободен за движење, а Договорот за закуп на паркинг просторот ќе биде раскинат, затоа што е штетен за општина Охрид и граѓаните.
O.T.