По налог на локалната самоуправа екипи на ЈП „Охридски комуналец“, денес, презедоа активности за повторно ставање во употреба на дел од пешачката патека на улица „АСНОМ“,каде физички лица бесправно засадиле повеќегодишни зимзелени дрва на јавна површина, поради што патеката не беше проодна за пешаци.
Екипите на Комуналец извршија сечење на дрвата и пешачката патека е повторно ставена во функција.
OhridNews