Екипите на ЈП Водовод Охрид, во периодот од 9-ти до 15-ти јануари, покрај редовните проверки и теренски активности бележат и интервенции на неколку локации во Охрид и околината.

Со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници отстранети беа дефектите во село Велгошти (2 дефекти) и на улиците „Димитар Влахов“ (2 дефекти), „Кленоец“, „Кузман Капидан“ и „Рашанец“бр. 45, велат од претпријатието.

OhridNews