Низа дефекти остранети минатата недела од страна на екипите на ЈП Водовод Охрид.

Екипите на ЈП Водовод Охрид, во периодот од 15-ти до 21-ви август, покрај редовните проверки и теренски активности, интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници, велат од претпријатието.

Додаваат дека отстранети биле дефекти на улиците „Никола Карев” (2 дефекти), „Ѓорче Петров”, „Христо Узунов”, „Крали Марко” бр.164, „Радојца Новичиќ“ (2 дефекти), „Дејан Војвода” бр.79, „Ванчо Питошески” ( 3 дефекти), „Васил Стефоски“, „Охридска Бригада“ бр.88, како и во населбите Чекоштина и Лагадин, но и четири дефекти во село Велгошти.

OhridNews