Екипите на ЈП Водовод Охрид, во периодот од 7-ми до 13-ти август, покрај редовните проверки и теренски активности интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.

Отстранети беа дефекти на следните локации: с.Лескоец (4 дефекти), с. Велгошти (2 дефекти), с. Елшани, с. Горно Лакочереј, нас. Рача, „Александар Турунџе“, „Бистрица“ бр.83, „Партизанска“, „Васил Стефоски“ (2 дефекти), „1ва Мак.Ударна Бригада“, „Цар Самоил“, „Јабланица“ бр.46, „Будва“ бр.31 и „Живко Чинго“ бр.182, информираат од претпријатието.

Воедно додаваат дека во тек се градежни активности за поставување на нова водоводна линија со различни профили за потребите на охридската гимназија.

OhridNews