Вчера во Конресниот центар во Охрид беше отворен четвртиок Меѓународен научен собир „Македонско – хрватски книжевни, културни и јазични врски“.
Топло добредојде, успешна и поделотворна работа, на присутните им посака претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска.
„Република Македонија и Република Хрватска, долг временски период ги поврзуваат многу нешта кои се од исклучително значење за македонскиот и хрватскиот народ и секогаш тоа биле дела, кои ги сплотувале нашите народи, култури и цивилизациски достигнувања. Токму областите кои ќе бидат интерес на Вашите опсервации и во минато и денес, слободно може да се каже дека секогаш како производ имале нов квалитет во продлабочувањето на македонско – хрватските односи .“ – рече Коњановска.
На собирот кој трае до недела, ќе учествуваат еминентни професори од сродните факултети и истражувачки институти во Загреб, Пула, Задар и други научни центри во Хрватска.
Инаку, научниот собир се реализира во соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека, со кој Институтот остварува долгогодишнаинтензивна и успешна соработка.
OhridNews