Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во рамките на своите промотивни активности организира Отворен ден во понедeлник, 12 декември 2022 година од 11 – 13 часот.

Отворениот ден на Универзитетот се организира со цел да бидат презентирани тековните студиски програми и можностите за професионален развој на идните студентите. Се покануваат матурантите и нивните родители да ги запознаат одблиску професорите, да ги слушнат искуствата на студентите, да се информираат за можностите за студирање, меѓународна размена, практиканството и кариера во ИТ секторот. – стои во повикот.

Освен тоа, заинтересираните лица ќе може да посетат дел од наставата што се одржува со физичко присуство на Универзитетот и поблиску да се запознаат со видот и начинот на предавањата на УИНТ.

OhridNews