Утре на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ќе се одржи Отворен ден на УКЛО под мотото „УКЛО и пријателите-повеќе од образование“.

Во рамки на Отворениот ден предвидени се Панел дискусија на академската заедница од УКЛО и бизнис секторот, Панел дискусија на најуспешните студенти од УКЛО, како и презентации на компании и факултети од УКЛО.

Настанот ќе се одржи во периодот од 12 до 15 часот.

OhridNews