Армискиот воздухопловен ВИНГ под команда за операции и Планинската спасителна служба, утре, (среда 05.07.2023г.) организираат отворен ден во периодот од 10:00 до 14:00ч. во кругот на Центарот за обука на вода во каналот Студенчишта (веднаш до мостот на каналот) за заедничко дружење и презентација на дел од воздухопловите, армиската опрема и опремата за спасување на планина и тешко пристапни терени.

Отворениот ден се организира со цел промоција на хуманата мисија на армијата и успешната цивилно-воена соработка, која армискиот ВИНГ и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид успешно ја развиваат во изминатите две години, во интерес на ефикасноста и квалитетот на спасителните операции на планина и тешко пристапни терени, инфромираат од ПСС.

OhridNews