Отворен ден ќе се одржи утре во РЦСОО „Ванчо Питошески“ за сите заинтересирани ученици кои го завршуваат основното образование.
Утре во периодот од 10,00 до 15,00 часот, ќе се одржи отворен ден на кој ќе се презентираат образовните профили од секторот за угостителство и туризам и дуалните паралелки, информираат од училиштето.
Додаваат дека отворениот ден ќе биде посетен од страна на деветтоодделенците, социјалните партнери и претставници од Министерството за образование и наука.
OhridNews












