ОУ „Св. Наум Охридски“ Пештани

Од 02.09.2020 - 18:00 до 02.09.2020 - 20:00

Летово во Охрид, под мотото „Културата расте со младите“ се одржува второто издание на алтернативното културно-забавно лето, организирано од страна на Културолошката иницијатива „5 до 12“. Богатата програма на Културолошката иницијатива која се реализира од 7ми август до 7ми септември е исполнета со голем број настани, сите со цел да ги поттикнат младите да придонесат за развој на културата воградот.

Културолошка иницијатива „5 до 12“, во соработка со новоформираната Кошаркарска школа „ПРО БАСКЕТ ЈУНИОР“ од Охрид, на 2 септември, среда, во 18 часот, во спортската сала на Основното училиште „Св. Наум Охридски“ во Пештани, организираат Отворен ден за кошарка.

На овој настан ќе може да присуствуваат сите љубители на кошарката. Заинтересираните момчиња и девојчиња ќе имаат можност да бидат дел од првиот тренинг на отворено на Про Баскет Јуниор. Ќе следуваат многу изненадувања за заинтересираните за упис во школата.

Настанот ќе продолжи со турнир во слободни фрлања и тројки, на кој ќе може да учествуваат сите присутни.

За победниците ќе следува симболична награда од организаторите.

Овој настан ќе се одржи согласно сите пропишани протоколи за одржување на спортски настани со мерки за заштита од коронавирусот.

OhridNews