Денеска се отвори првиот Дневен центар за Даунов синдром во Република Северна Македонија. Новиот Центар се наоѓа зад Соборниот Храм во Скопје, на вкупна површина од 381 м2. Вкупната инвестиција на МТСП за овој центар изнесува околку 6 милиони и 500 илјади денари. Целата адаптација и опремување на овој Дневен центар е во соработка со родителските здруженија на децата со Даунов синдром и комплетно одговара на потребите на децата за поддршка на нивниот психофизички развој.
Во Центарот е поставена опрема за подобрување на физичката состојба на децата, односно справи за трчање, пинг- понг маса, топки за пилатес, опрема за развој на фина моторика и друга дидактичка опрема, но и соби за одмор и хидро масажa. Дополнително, на долниот спрат е поставена кујна со сите содржини, бидејќи во иднина планирано е да се развие и социјално претпријатие, односно кетеринг сервис. На овој начин децата и младинците од Центарот со поддршка на стручни лица и родителите, ќе можат да бидат и работно ангажирани.
Развојот на Центарот се одвива со поддршка од лица на Центарот за социјална работа, Заводот за социјални дејности и Градот Скопје кој веќе финансира проект за поддршка на децата со Даунов синдром во рамките на овие простории. Секако, тука е и соработката со родителите на децата, и со Граѓанските организации како Трисомија 21, со кои министерството развива партнерски односи од самиот почеток.
OhridNews