Синоќа на големата сцена во спортското игралиште во Вевчани по осми пат се отвори фестивалот за народна култура „Пображење“  – Вевчани. Фестивалот за отворен го прогласи проф. др.Зоранчо Малинов, директор на Институтот за фолклор на Р.Македонија и претседател на здружението на етнолози на Македонија.

– Да се отвори еден ваков голем фестивал навистина е особена чест и задоволство, почестен сум што говорам пред Вевчанци и пред уметници од Балкански, Европски земји како и пред уметници на Р.Куба. Вевчани е најмалата општина по територија, но најголемата по дух, традиција и вложувања во развој на духовното културно наследство, токму и овој фестивал е доказ за тоа. – рече тој.

На преполнетото гледалиште, публиката синоќа уживаше во настапите на Културно уметничко друштво „Никола Јонков Вапцаров“ – Скопје, Македонија; Фолклорен ансамбал „Хајов“ – Стречно, Словачка; Фолклорен ансамбал „Старзи Кребане“ – Бруси, Полска; Фолклорен ансамбал „Младинка“ – Плзен, Чешка и професионалниот ансамбал „ЕКОС Фламенкос“ од Ла Хавана, Куба.

Вистинска атракција синоќа беше настапот на „ЕКОС Фламенкос“ од Куба кои преку изведба на традиционални фламенко танци ја воодушевија публиката која стоечки ги награди со долготраен громогласен аплауз. Групата е предводена од  Геобер Гуибер Пардо шеф на кабинетот на Министерот за култура на Р.Куба.

Фестивалот продожува вечерва со настапите на фоклорни ансмабли од Естонија, Литванија, Полска, Босна и Херцеговина и Македонија.

OhridNews