На отворената летна сцена на новиот Амфитеатар во Вевчани, свечено беше отворен 9-тиот Фестивал на народна култура „Пображење”- Вевчани.

Фестивалот за отворен го прогласи Др.Владимир Боцев претставник од Музеј на Македонија, а народни култури од своите земји презентираа фолклорни ансамбли од: Македонија, Германија, Естонија, Словачка и Хрватска. Пред свеченото отворање, учесниците одржаа дефиле низ улиците во Вевчани, а Вевчанци традиционално со бокал вино пред куќите ги поздравуваа гостите уметници. На свеченото отворање имаше и голем огномет кој ги воодушеви како поздрав за сите учесници и за многубројната публика.

Фото галерија:

Отворен фестивалот „Пображење“

OhridNews