Денес во село Белчишта свечено беше отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато -Природнонаучна и етнолошка збирка.

Во Центарот преку текстови, фотографии и други содржини прикажани се многу сегменти од биодиверзитетот, флората и фауната, со кој располага Белчишкото Блато, најголемото блато, сочувано во неговата оригинерна форма. Со отворањето на Центарот општина Дебрца добива уште еден атрактивен простор, преку кој се репрезентира дел од природното богатство на Дебрца, кое е дел од светското природно наследство, вели градоначалникот Зоран Ногачески.


Тимот на “Екотуризам” на чело со Ѓоко Зороски и општинскиот тим се погрижија за креирање на сите содржини внесени во центарот. Нашата заложба е Изложбениот центар да биде дел од промовирањето на Белчишкото Блато до сите засегнати чинители-туристи, посетители, ученици, стручна јавност, а Белчишкото Блато да го добие заштитениот статус и по националната регулатива и како идно европско заштитено подрачје, во рамките на Натура 2000. Наша обврска останува да се обезбеди негово одржливо управување, зачувување на неговиот заштитен статус, но и негово искористување како атрактивна туристичка дестинација, додаде Ногачески.
OhridNews













