Во функција денеска е ставен новиот деловно трговски центар „Рамстор“ во скопската општина Аеродром, во чија изградба партнерски учествуваа „Адора Инженеринг“ и „Глиц груп“. Трговскиот центар кој се протега на површина од 3.500 м², со деловни објекти за различни намени и модерен паркинг простор, беше изграден за само 9 месеци.
Генералниот директор на Адора Инженеринг, Ванчо Чифлиганец и управикот на Глиц груп Левко Наумоски, кои го поставија камен темелникот на трговскиот центар на крајот од минатата година, ја потврдија добрата проценка за потреба од изградба на модерен трговски центар во новата елитна станбена населба, каде се изградени голем број нови станбени објекти. Само Адора на овој простор има седум висококвалитетни еко објекти со 400 станови. Од компанијата велат дека изградбата на модерниот трговски центар е уште една потврда дека инвеститорите во градежништвото мислат повеќенаменски и покомплексно за своите купувачи, преку примерот на компаниите Адора Инженергинг-Скопје и Глиц Кичево.
На отворањето на новиот деловно-трговски центар, присуствуваше амбасадорот на Република Турција во Македонија Ѓурол Сокменсуер.
OhridNews