Денес свечено започна со работа новиот и современ „Home center“ на компанијата „Ангел Тренд“, бренд кој успешно опстојува повеќе од 18 години.

Во новиот центар што се протега на површина од околу 500 метри квадратни, има богата понуда на различни производи за домаќинство, квалитетни производи и играчки од светски брендови, предмети за уредување на домашни паркови и тераси, а центарот располага и со специјален продажен простор за долна облека и постелнини од познати македонски компании.

Од новоотворениот „Home center“, ветуваат постојани пријатни изненадувања за потрошувачите и врвна услуга по која се препознаваат и останатите продавници од оваа компанија во Охрид и Скопје.

Новиот современ продажен центар на компанијата „Ангел Тренд“, се наоѓа на ул. „15-ти Корпус“, на патот Охрид – Битола, наспроти средното училиште ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

OhridNews