Со пријателски натпревар помеѓу екипите на Спартак и Црвена Звезда од Белград, во Москва официјално беше отворен новиот стадионот „Откритие“.

Капацитетот на ова модерно спортско здание е 42.000 гледачи, а во неговата изградба вложени се 415 милиони евра. На овој стадион ќе се играат натпревари од Светското првенство во 2018 година чиј домаќин е Русија.

Инаку натпреварот помеѓу Спартак и Црвена Звезда заврши без победник 1:1.

OhridNews