Според Димовски, ќе се зголемува пласманот на производите во странство, а овој сектор е целосно стабилизиран преку доделување на државно земјоделско земјиште. „За прв пат е донесена петгодишна програма за подршка на земјоделството и руралниот развој. Субвенциите ќе се зголемуваат секоја година, додека за оваа програма за пет години планирани се 725 милиони евра субвенции“ – додаде ресорниот министер.
На саемот, кој се простира на површина од 5000 квадрани метри, ќе бидат претставени најновите земјоделски машини, различни вештачки ѓубрива како и дел од органската храна. Исто така, лубителите на традиционална храна, ќе имаат можност да ги испробаат вкусовите на производите кои ќе се приготвуваат. За прв пат, Прокредит банка, ќе дели награди за најпродуктивен земјоделец во различни категории.
Инаку, Агрофуд 2012 се одржува на скопскиот саем, а ќе трае до сабота. Како пропратна манифестација во рамки на саемот, ќе се одржи третата по ред изложба „ЕКО ЕТНО“ Македонија.