Во селото Белчишта, Дебрца, синоќа свечено беше отворена Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца” – Белчишта. Триесет и осмото издание е посветено на основоположникот на ликовната колонија Ѓорѓија Целески, кој почина неодамна.

38–те години творештво на колонијата покажуваат дека Ликовната колонија “Дебрца” не е обичен културен настан, туку највисок културен дострел на Белчишта , како седиште на општината и на општина Дебрца, истакна на отворањето градоначалкникот на Дебрца Зоран Ногачески, посочувајќи дека уметничките дела создадени на Ликовната колонија не се само наследство на Дебрца и Македонија, туку се светско културно наследство..

На интернационалната уметничка колонија „Дебрца“, годинава ќе творат ликовните уметници: Јордан Манасиески – Охрид, Ставре Димотров Стадим – Скопје, Запро Запров – Скопје, Војдан Запров – Скопје, Натали Николоска – Скопје, Андреј Антевски – Куманово, воедно и најмлад учесник на колонијата, како и Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли, Конзул на Монголија, Петар Бељашки – Бугарија, Велислава Пожгорска – Бугарија и Светлана Солодова – Русија.

Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ што завршува на 13 овој месец, има најбогат фонд уметнички дела во земјава и располага со над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценливо македонско и светско културно наследство.

Г.М.