Сакам да изразам јавна благодарност до ЈЗУ Општа Болница Охрид, a посебно до Одделението за уво, нос и грло (ORL).

Пред се морам да го истакнам фактот за беспрекорната организација и примена на сите здравствени протоколи за време на корона кризата и мерките што се преземаат за намалување на последиците од истата, а сето тоа благодарение на Др. Горан Балевски, директор на Општа Болница Охрид за кого сметам дека покрај тоа што е врвен во својата професија, мошне успешно се справува со управувањето на установата која е една од најголемите во регионов.

Особено сакам да ја искажам мојата неизмерна благодарност до Др. Билјана Кичеец и нејзиниот тим од сестри, како и до сите кои работат на одделението за уво, нос и грло, за нивната професионалност, нивниот однос кон пациентот, нивната љубезност и пред се хуманост.

Др. Билјана Кичеец на 26 јули 2020г. до раните утрински часови во услови на неизбежната целосна медицинска облека за заштита, успешно ми изврши мошне деликатна операција на ушната школка, за кое треба многу знаење, труд и посветеност во работата. Со нејзиниот однос кон мене во деновите кои следуваа за рехабилитација, и чести контроли, се уверив во нејзината хуманост и посветеност кон професијата, како лекар и личност со високи човечки и морални вредности.

За сето ова бескрајно Ви благодарам.

М-р Зоран Вељаноски Летра

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите