Повод- отвореното писмо на група родители до директорот на ОУ „Св.Климент Охридски“

Нашиот професионален кадар е висококвалификуван, може да одговори на сите работни задачи и да ги исполни сите обврски, со долгогодишно искуство и со голема желба да направи сè во интерес на учениците.Со тоа, нема никаква пречка кој било од нив да ја предаде материјата и да ја спроведе програмата која треба да се изучува. Токму поради ова нема да дозволам некој од наставниците да биде деградиран. Не сакам ниту да помислам да се користи моментот за политички цели.

Ние не ги делиме децата по никој основ, па затоа и не можеме да застапуваме некои лични интереси на одредени родители, ниту ќе потпаднеме под притисоци и закани. Никогаш не сме застапувале ниту интерес на некој вработен на штета на учениците и родителите.

Ние сме институција со долгогодишна плодна работа и единствено училиште кое во последните години бројот на ученици го зголеми за 90 % и постојано се зголемува. На тоа претходи многу донесени правилни кадровски одлуки, многу вложен труд, многу промени и залагања на секој вработен во училиштето низ годините.

 

Јордан Пуроски-директор на ОУ „Св.Климент Охридски“

Отворена:Родители на ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ со писмо до директорот против промена на наставник

 

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите