Самостојна изложба насловена „Интимно Понирање“ од авторот Трајче Чатмов беше отворена синоќа во Куќата на Робевци.
Во музејскиот простор изложени се 20-тина дела работени во последната година во техника акрил на платно, слики кои досега не биле изложени и кои се продолжување на циклусот „Интимно Понирање,“ но и слики со една нова колористична гама.
Сликарството има моќ да учи. Без учење нема сликарство. Рефлектирањето вон сликарството е утопија. Рефлектирањето во сликарството е историја или повеќе можни истории. Еднаш напишав: „Предзнаењата се одлични” и „Легендите се за читање”. Сега дополнувам: “Читајте ги сликите на Чатмов!” – вели за поселдниот циклус на Чатиманов, професорот Гоце Наневски.
OhridNews















