Синоќа во Спомен куќата на Христо Узунов беше отворена изложбата Лица на револуцијата, изложба на необјавени портрети на македонски револуционери.

„Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии, 1893-1934“ – изложба која одбележува и три јубилеи: 120 години од смртта на Гоце Делчев, 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната Македонска Револуционерна организација.

Изложбата – Лица на Револуцијата, доаѓа во време кога секојдневно се посегнува по нашиот историски корен, нашата посебност, нашето македонство. Убеден сум дека самата изложба ќе даде придонес во самоосвестувањето на Македонецот. Верувам дека изложбата ќе предизвика интерес не само кај научната фела туку и кај сите останати. Упатувам најискрени честитки до главните виновници за изложбата Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски, рече градоначалнникот Кирил Пецаков.

OhridNews