Во организација на Завод и музеј- Охрид, синоќа, во галеријата „Робевци“ беше отворена изложбата на хрватскиот академскиот сликар Златко Нежиќ, насловена како „Мир во духовната осаменост“.

Изложбата содржи слики комбинирана техника, туш, темпера, акварел и сликање со флуоресцентни бои.


Од Завод и музеј од Охрид, најавуваат дека во летниот период пред охридската јавност ќе бидат претставени дела и изложби од уште неколку странски уметници.

OhridNews