Во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид од вчера е отворена за посета самостојната изложба на канадскиот уметник со македонски корени Мајкл Клос под наслов: „Сликарството на патот на хуманоста“.

Изложбата ја отвори и за творештвото на Клос говореше познатиот охридски уметник и филмски критичар Ѓоко Симјаноски.

Публиката десеттина платна на канадскиот уметник Клос изложени во Библиотеката ќе може да ги види и денеска – четврток и утре – петок во терминот од 9 до 15 часот.

Повелете во светот на книгите и почувствувајте ја енергијата и пораките од колоритните сликарски платна. Се’ заедно е уметност на живеењето!- порачуваат од Библиотеката.

OhridNews