Вчеравечер во изложбениот салон при НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид беше отворена изложбата „По чекорите на еден мајстор…” од Алаедин Неби.

Мајстор Алаедин навлезен во 8-та деценија од животот го исполнува аманетот од својот татко и работи со голема љубов, посветеност и бескрајна трпеливост. Вредноста на постоењето со уметност ja научил од млади години и во текот на животот изработил многу дела од ороево дрво со седеф како и изработка на длаборез негувајќи го резбарството. Тој e скапоцен уметнички чинар на Охрид кој сѐ уште работи и твори, истакна Божиновски.
Како локална самоуправа, посочи, застануваме секогаш со огромна поддршка за културата.
OhridNews












