Во присуство на бројни гости, вечерва во ресторанот “Дамар” беше отворена изложбата на уникатно, рачно изработениот накит на Катерина Василевска.



Присутните имаа можност да видат дел од богатата колекција- различни парчиња украси, накит изработен од различни материјали и полудраги камења.



Изложбата е дел од програмата на фестивалот “Охридско лето”.