Повод: Државната ревизија утврдила слабости и недоследности во работата на Агенцијата за туризам

Пишува: Влатко Сулев

Кога системот не функционира – нема резултати, само штета. Она што го утврди Државниот завод за ревизија за 2023 година не е изолиран случај – истиот дисбаланс трае од 2017 па сè до денес.

Реализацијата на Програмата за промоција и поддршка на туризмот покажува: – неусогласеност на сметководствената состојба, – отсуство на клучни евиденции и процедури, – недоследна примена на прописите, – нефункционалност на Советот во носењето на програмски документи.

Анализата покажува и нешто уште поалармантно: Средствата за промоција и поддршка на туризмот – се намалуваат, или поточно, ги НЕМА. Наместо тоа, се зголемуваат трошоците за субвенционирање на туристички промет, без јасен поврат и без стратегија. Овој пристап директно ја намалува интернационалната видливост на државата и ги уништува резултатите постигнати до 2015–2016 година.

Наместо да “возиме” напред со петта брзина, ние сме во рикверц. А Советот? Тоа е приказна сама за себе. Не се свикува со години! Членуваат институции кои немаат никаква врска со промоција и поддршка на дојдовниот туризам.

Во целиот овој период, туристичкиот сектор нема ниту глас, ниту улога во креирањето на програмата.

Туризмот не носи експресни резултати – или се премногу скапи, или недостижни за нас.

Затоа ни треба долгорочна визија, системски пристап и луѓе кои знаат и сакаат да работат. Доста беше импровизација.
Време е за рестарт – со стратегија, транспарентност и интегритет.

За авторот:

Влатко Сулев е Генерален менаџер на Balkan Prime Tours, компанија која организира тури во Македонија и на балканот за странски туристи од 2007 година. Благодарение на оваа компанија илјадници странски туристи изминативе години ја имаат посетено Македонија, што ги прави вистински промотери и амбасадори на нашата земја и Балканот. Компанијата има своја канцеларија во Скопје, но и во Софија, Подгорица и Тирана, соработува со огромен број на хотели, ресторани и семејни туристички работници од регионот, за да креира автентични туристички понуди според желбите на туристите.

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите