Пратеникот од редовите на СДСМ, Томислав Тунтев информира дека започна со работа неговата пратеничка канцеларија. Канцеларијата се наоѓа во објектот на ЈП „ Охридски комуналец“, во градскиот пазар кај наплатниот пункт, на прв спрат. Своите идеи, забелешки, барања и сугестии, граѓаните можат да ги доставуваат секој ден во Пратеничката канцеларија, како и преку електронска пошта [email protected] и [email protected] или на телефонските броеви 078 408-340 и 070 404-249.

– Ги повикувам сите заинтересирани граѓани на Охрид, кои имаат предлози, теми и идеи за нови законски решенија, за измени и дополнувања на постоечките, за јавни и надзорни расправи, за пратенички прашања или за други работи од надлежноста на Собранието, да се обратат во Пратеничката канцеларија или да остварат контакт со мене или со мојата асистентка, вели пратеникот Тунтев.

Канцеларијата работи секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот, а средбите со граѓаните ќе се реализираат во петок или во сабота, во зависност од работните обврски на Тунтев во Собранието.

OhridNews