Благодарност до непознатата ДАМА која на ден 8ми Март (веројатно не е случајно) ја пронајде мојата испадната лична карта и без двоумење одлучи да направи добро дело – ја однесе во МВР Охрид.

Благодарност и до вработените кои максимално се потрудија да најдат мој контакт и во најкус рок да ме известат.

Тоа беше за мене најголемиот подарок за празникот.

Благодарам добри луѓе!

Л.Ј.
(Идентитетот на благодарното лице познат на редакцијата)

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите